Реакција на СДСМ:
Се комплетира структурата за новата локална поставеност на ВМРО како Организирана криминална група (ВМРО-ОКГ).
Двајцата секретари на Мицкоски за организација на тендери и за соработка со службите спремиле оглас за први луѓе во 76 општински комитети.
Кој има храброст и криминална визија има работа во ВМРО-ОКГ.
Треба некој да работи на криминални тендери на локално ниво, на соработка со службите и покривање на теренот за дистрибуција на опијати.
Баш како што функционира организирана криминална група.
Сите останати места на централно ниво се зафатени. Мицкоски ги укинаа сите потпретседатели, си постави секретари за тендери и за соработка со службите.
Огласот е отворен, потребни се работници на локално ниво.
Се подготвува и теренот за враќање на главниот, единствениот газда на ВМРО-ОКГ од Унгарија – Никола Груевски.


