Тренчевска до власта: Скратете од луксузот и зголемете ја минималната плата на 600 евра

Facebook
Twitter
LinkedIn

Потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, реагираше на одлуката на ВМРО на собраниската комисија да не го прифати предлогот за зголемување на минималната плата, истакнувајќи дека власта го игнорира интересот на работниците.

„Собранието, на комисиската расправа, не го прифати предлогот за зголемување на минималната плата согласно барањата на работниците. Тоа е уште едно лицемерие на власта, затоа што не се грижи за работниците, туку за капиталот“, рече Тренчевска на гостувањето во емисијата „Топ тема“ на Телма.

Таа посочи дека и пратениците од СДСМ и работниците постојано излегуваат со факти за растот на инфлацијата и статистика за тоа колку растат цените, колку од месец во месец се зголемува потрошувачката кошничка.
Токму тие показатели ја оправдуваат потребата од политичка одлука за зголемување на минималната плата.

Тренчевска нагласи дека СДСМ има кредибилитет и долгогодишни политики во заштита на работниците и зголемување на платите а особено на минималната плата.

„Како СДСМ, имаме кредибилитет, имајќи ги предвид сите политики коишто сме ги реализирале во изминатите 7 години, како во однос на платите, така и во однос на заштитата на работниците. Ние носевме политички одлуки за зголемување на минималната плата и системски ја зголемивме. За шест години, минималната плата се зголеми од 8.000 на 22.500 денари. Нашето зголемување не беше по 1.000 денари, како што прави ВМРО. Барањата на работниците, имајќи ги предвид зголемувањата на синдикалната кошничка и цените на храната, се оправдани, тие бараат минимална плата од 36.000 денари. Средства може да се обезбедат со скратување на луксузот во власта“, рече Тренчевска.