fbpx

Поврзаност на фамилијарните инсталации на Груевски во судството со медиумскиот мрак

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Фамилијарните инсталации на Груевски во судството, што го рушат функционирањето на правдата и правната држава во Република Македонија, се преплретени и со шемата за контрола врз медиумските курири.

Слободанка Гошева, ќерката на претседателката на Уставниот суд, Елена Гошева, сега е директорка за регулатива и големопродажба во Телеком.

Јавноста со право прашува дали тоа е награда за Слободанка Гошева Гиевска за неуспешниот попис или за послушноста на нејзината мајка, Елена Гошева?

Главен и извршен директор во Телеком е Жарко Луковски, кумашин на Сашо Мијалков.

Јавноста дозна за поврзаноста на радиото Слободна Македонија со фирмата НВСП на Владислав Стајковиќ, близок до братучедот на Груевски, Сашо Мијалков.

Сопственик на фирмата НВСП, основачот на СГС, е Владислав Стајковиќ којшто е во блиска релација со кумашинот на Мијалков, Жарко Луковски.

Стајковиќ е овластено лице и на фирмата „Мобико ДООЕЛ“, каде газда е токму Жарко Луковски.

Ова е уште една причина зошо медиумите под контрола на Никола Груевски ревносно ги бранат партиски диригираните одлуки на Уставниот суд за заштита на изборниот криминал.

Затоа е неопходна слободата на медиумите и затоа е неопходна регулација на медиумскиот простор во интерес на граѓаните.

 

Скопје, 01.03.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести