fbpx

Криминалните политики ги блокираат сметките на фирмите во Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Според последните податоци на Народна Банка, секоја година расте бројот на блокирани сметки на граѓани и фирми.

Во 2015 година, бројот на блокирани сметки кај граѓаните се зголемил за 34.106 а кај фирмите за 3.154.

Од страна на УЈП за радиодифузна такса беа блокирани 27.000 сметки во 2015 година.

Граѓаните, фирмите се потешко можат да работата, немаат пари да ги платат основните трошоци. Тоа се поразителните резултати на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

Над 180 илјади граѓани во Македонија живеат со по 40 денари на ден.

Над 500 илјади граѓани во Македонија живеат под прагот на сиромаштијата.

Но, разобличен е криминалот на фамилија. Заврши времето на Никола Груевски! Граѓаните се обединети против корупцијата и криминалот.

Кога СДСМ ќе ја преземе одговорноста што ќе и ја дадат граѓаните, ќе го запре криминалот и корупција и ќе создаде услови фирмите во Македонија нормално да работат.

По промените СДСМ ќе ја укине Радиодифузната такса што ја плќаат граѓаните со што дополнително ќе ги ослободи од непотреби трошоци и блокирани сметки.

 

Скопје, 10.02.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести