Соопштение за јавност
За Никола Тодоров не се тема за дебата причините поради коишто во Македонија умираат три пати повеќе новороденчиња од просекот на земјите од Балканот и ЕУ.
Не беа тема за дебата пропустите во здравствениот систем поради кои почина малата Тамара.
За Тодоров не е тема тоа што пациенти кои крварат мораат сами да си купат завој, тоа што пациентите на Кардиологија за холтер мораат сами си купат батериии, тоа што на дијабетичарите им даваат стари генерации на инсулин и полуисправни апарати што можат да ги однесат во смрт, тоа што болниците се руина, а здравствениот систем срушен.
Но за Тодоров тема за дебата бил данокот за маснотии што власта на ВМРО-ДПМНЕ сакала да им го воведе на граѓаните.
На Тодоров и Груевски во бурекџилниците по кои се сликаа ли им дојде идејата да ги даночат граѓаните за маснотии?!
И тоа додека над 180.000 граѓани преживуваат со по 40 денари на ден и над 500.000 граѓани живеат на раб на сиромаштија.
На овие луѓе ли Никола Тодоров ќе им става данок за масна храна?!
Тодоров, Груевски и нивните соработници ги интересираат само даноци, тендери и казни со коишто ги соголија граѓаните.
На криминално-корупциската власт и ставаме крај.
Никола Тодоров и власта на Груевски можат да дебатираат само за нивното заминување.
Скопје, 08.02.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА