Соопштение за јавност
Мерните станици постојано покажуваат огромна загаденост на воздухот во Македонија.
Во Скопје загадениот воздух достигнува 14 пати повисоки концентрации на опасните ПМ10 честички што е исклучително опасно по здравјето на граѓаните.
Иста е состојбата и во другите поголеми градови во Македонија. Во Тетово концентрацијата на ПМ10 честичките изнесува фрапантни 18 пати над дозволената граница, додека во Битола 10, Кавадарци и Кичево 7, односно 6 пати над дозволеното.
Секојдневно се зголемува бројот на болни од болести на дишните патишта. Амбулантите се полни.
Според Светка банка Македонија е на самиот врв по годишните смртни случаи предизвикани од загаден воздух, односно од канцерогените честичките кои предизвикуваат рак. Во Македонија има 1.350 смртни случаи годишно предизвикани од болести на дишните патишта и рак.
Никола Груевски го игнорира проблемот што го загрозува најскапоценото нешто, здравјето на граѓаните.
Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не се грижат за здравјето на граѓаните. Единствена грижа на Никола Груевски се тендерите и бизнисот на фамилијата, зделките на братучедот Сашо Мијалков.
За споменици Никола Груевски потроши над 630 милиони евра а цели 10 години проблемот со огромната загаденост на воздухот што ги труе граѓаните нема решение.
Во интерес на граѓание е веднаш да се преземат конкретните мерки на СДСМ за намалување загадувањето:
– Да се воведе субвенција за јавниот градски превоз која ќе важи за сите во зимските месеци.
– Наместо тајно и преку ноќ да се атакува на последните дрвја што се обидуваат да ни дадат малку кислород, градот Скопје итно да забрани сеча на постојните дрва и да започне со санирање на сите уништени зелени површини.
– Да се воведат грантови за инсталирани соларни панели, грантови за изолација на објекти и инсталација на енергетски ефикасни апарати.
– Да се зголемат средствата на Министерството за животна средина и просторно планирање во делот на заштита на животната средина.
Граѓаните се обединети против политиките кои им го загрозуваат животот.
Граѓаните имаат идеја: збогум Никола!
Скопје, 24.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА