Игор Ивановски „Шема“, поради своите шеми, не го споменува Мицкоски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Игор Ивановски, познат и како „Шема“, во 30-минутното интервју за националната телевизија ниту еднаш не го спомена Христијан Мицкоски. Ниту еднаш.

Затоа што не може да ја напаѓа својата шема.

Човекот кој се претставува како алтернатива, како „опозиција на опозицијата“ и како демократ, во моментот кога СДСМ минува низ најсериозниот период на консолидација, од удобната фотелја и матните политички кулоари се обидува да тргува со партискиот супстрат.

Игор Ивановски беше генерален секретар на СДСМ, потпретседател на СДСМ, а на последните парламентарни избори во 2024 година беше шеф на тимот кој ја креираше програмата и го подготвуваше програмскиот конгрес, заедно со својот близок соработник Андреј Петров. Други учесници во оваа таканаречена „платформа“ беа членови на Извршниот одбор и шефови на изборни штабови во првата изборна единица.

Сега, истите тие луѓе кои беа дел од раководството и ја креираа програмата со која се изгубија изборите, се јавуваат како самопрогласени „реформатори“. Во 2024 и 2025 година имаше внатрепартиски избори.

Зошто тогаш Ивановски не направи своја реформска програма и не се кандидираше против Венко Филипче?

Зошто не побара доверба од членството кога беше на високи позиции?

Наместо тоа, денес однадвор, заедно со луѓе од други партии, се обидува да ја слабее и дели СДСМ.

Таканаречените реформски крила во СДСМ денес не се ништо повеќе од политички опортунисти.

Нивната цел не е силна и реформирана партија, туку слаба опозиција која ќе биде лесен плен за националистичката власт на Мицкоски.

Нивната маска паѓа секој пат кога наместо да ги нападнат погубните политики на oрганизираната криминална група ВМРО, тие удираат по сопствените сопартијци.

Тоа не е реформа. Тоа е класично саботирање.

Претседателот Венко Филипче ја презеде партијата во најтешкиот период. Сега неговата задача е обнова на социјалдемократијата во Македонија.

Тој покажа храброст да ја преземе одговорноста кога беше најтешко – за разлика од дежурните „критичари“ и самопрогласените „реформатори“ кои се будат само кога треба да се одработи за туѓи сметки.

Свесно влезе во сериозна борба против организираниот криминал и покажува решителност да ја врати Македонија на европскиот и демократскиот пат.

Денес, со него на чело, СДСМ ја врати довербата кај граѓаните и заедно со луѓето и организациите обединети во Фронтот за вистина и правда, ќе ја врати власта во рацете на граѓаните.

Оваа „Платформа за иднината на Мицкоски“ или ЗНАМ 2.0 не е за реформи. Таа е проект за понатамошно слабеење на опозицијата.

Тој обид нема да успее. Сателитите на ВМРО нема да поминат.