fbpx

Ниту една нарачана анкета не може да го спаси Груевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Огромната, растечка поддршка на граѓаните за СДСМ и за лидерот Зоран Заев предизвикува голема нервоза и панични реакции кај Никола Груевски.

Како што се намалува поддршката од граѓаните за Никола Груевски така му се потребни се поголеми нарачани бројки во анкетите.

Ниту анкета од 102% нема да го спаси Никола Груевски од пораз и одговорност за целокупниот криминал и корупција во изминатите 10 години.

Груевски не може да го промени јавното мислење и перцепцијата на граѓаните со нарачани и нереални анкети.

Граѓаните знаат какво е нивното мислење, а тоа е збогум на криминалот и корупцијата на фамилијата, на братучедот Мијалков и кумот Ставрески, збогум на лошата економска, социјална, образовна и здравствена политика, збогум на иселувањето на младите и осиромашувањето на граѓаните.

Никола Груевски ќе ја види вистинската анкета на 24-ти април кога ќе победи слободна и напредна Македонија.

Македонија знае едно: збогум Никола и збогум за твоето корумпирано друштво!

 

Скопје, 13.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести