fbpx

Виртуелните инвестиции на Груевски ги однесе ветерот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Пред повеќе од 4,5 години, во мај 2011 година, Владимир „дил ориентед“ Пешевски и миленикот на Груевски, Никола Тодоров, ветија отварање фабрика за производство на веретници во тетовско.

Според најавите на милениците на Груевски, фабриката требаше да почне со производство уште пред 4 години и да отвори 500 нови работни места.

Виртуелните инвестиции на Никола Груевски ги однесе ветерот. Денеска, после 4,5 години ниту има фабрика за ветерници во Тетово ниту има 500 нови отворени работни места.

Ова е уште една од низата виртуелни инвестиции на Никола Груевски коишто никогаш не се реализираа.

Тоа е лажното и лицемерно лице на Никола Груевски што 10 години ветува виртуелни инвестиции.

Наместо отварање нови фабрики, нови вработувања, производство и реализација на проекти, Никола Груевски единствено мисли на парцелите на Водно, провизиите, мерцедес од 600 илјади евра, очила од 60 илјади долари, матните бизнис зделки на фамилијата и братучедот Мијалков,“чоколадите” на кумот Ставрески…

Корупцијата во врвот на власта однесе безброј работни места и запушти многу населени места во Македонија.

Затоа граѓаните имаат идеја: збогум Никола!

 

Скопје, 12.12.2015

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести