fbpx

Јавноста очекува одговори: кој и на каков начин го финансира „Курир“?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Со недели нема одговор што навистина е Курир, информативна агенција, интернет портал, агенција-партија?

Нема одговор ниту на прашањето кој го финансира „Курир“?

Поврзаноста на фирмата сопственик на „Курир“ ЕМ МЕДИА ДОО Скопје, со Сашо Мијалков, братучедот на Никола Груевски, преку фирмата НВСП отвора уште една димензија.

НВСП е основач на агенцијата за обезбедување СГС, зад којашто во проектот Вистината за Македонија се покажа дека стои лично братучедот на Никола Груевски, Сашо Мијалков.

Сопственик на НВСП е Владислав Стајковиќ.

Проектот Вистината за Македонија откри дека фирмата НВСП, кадешто сопственик е Владислав Стајковиќ, е дел од провизијата од 540 илјади евра што Сашо Мијалков ја бара за набавување на опрема за прислушување од Израел.

Во еден од објавените разговори помеѓу судиката Костовска и израелскиот посредник, таа ја споменува фирмата НВСП како фирма на којашто сметка би требало да легнат средствата.

Јавноста очекува одговори на прашањата: кој и на каков начин го финансира „Курир“?

 

Скопје, 12.12.2015

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести