fbpx

Поразени ќе бидат канцерогените политики на Груевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Иселувањето на младите е најголемиот проблем во источниот и североисточниот дел на Македонија, посочија младите на денешната Регионална средба во Свети Николе, со претседателот на СДММ, Стефан Богоев и раководството на СДММ. На Регионалната средба беа присутни млади од Куманово, Кратово, Крива Паланка, Пробиштип, Штип, Виница, Делчево, Берово и Свети Николе.

Оваа недела пристигна уште еден алармантен податок. 52.8% од младите на возраст од 15 до 29 години сакаат да ја напуштат татковината, според публикацијата на Фридрих Еберт наменета за младите од Југоисточна Европа.

На Македонија и се потребни коренити промени. Богоев напомена дека приоритет на СДСМ се младите. Затоа во платформата Визијата за Македонија доминираат мерки кои ги решаваат младинските проблеми и ќе бидат преточени во Програмата на СДСМ. Студентскиот центар ќе стане реалност и повеќе нема да кружат слики низ светот за руинираните студентски домови во Македонија.

Младинската гаранција ќе ја врати надежта кај младите. Понудите за Work & Travel не смеат да бидат излез за младите. Младиот на пракса/тренинг или дошколување, веруваме во неговиот потенцијал.
СДСМ ќе ја врати довербата во образованието. Корупцијата мора да се искорени. Алармантен е податокот дека во Македонија дури 72% од младите сметаат дека во нашиот образовен систем има корупција, според анализата на Фридрих Еберт.

По промените предводени од СДСМ, учениците ќе бидат во центарот на вниманието. Нема екстерно туку ослободување на младите од постојаниот притисок и насочување кон тоа што претставува вистински нивен интерес.

Постои голема решителност кај младите, за поразување на политиките на Груевски кои се пострашни и од канцерогените ПМ10 честички.

Младите сакаат иднина тука, во својата земја.

Затоа младите порачуваат: Збогум Никола.

 

Последни вести