Мицкоски и на Илинден избра да дели – го лаже и го третира својот народ како „талог“

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција на СДСМ, Андреј Жерновски – член на Извршниот одбор и секретар за меѓународна соработка

Денеска мораме да изреагираме на тоа што го видовме за време на илинденските празници, а тоа е еден говор полн со омраза и навреди од страна на премиерот.

Значи, на најголемиот државен празник, на Илинден, Мицкоски ја употреби, односно ја злоупотреби говорницата за повторно да ја продолжи својата политика на поделби, омраза и навреди.

Мицкоски од говорницата повторно зборуваше за „талог“. Повторно своите сограѓани ги нарече „талог“.

Кој е тој „талог“ за кој, всушност, зборува Мицкоски?

Тоа се сите оние што не се согласуваат со него.

Тоа се сите оние што знаат колку е Мицкоски неспособен.

Тоа се сите оние што знаат колку Мицкоски лаже.

Тоа се сите оние што се борат за правда, за еднаквост, за одговорност, сите оние што се борат за европска перспектива на својата држава.

Истиот човек кој со години нас, граѓаните, нè нарекува, цитирам, „талог на општеството“, „мекотели“, „мочуриште“, „медиокритети“, „лешинари“, повторно, и тоа од говорницата во Пелинце, каде што требаше да се испрати порака за обединување, го користи истиот јазик на омаловажување. Повторно истиот јазик на етикетирање.

На денот кога треба да се зборува за слобода, на денот кога треба да се зборува за достоинство, за иднина, Мицкоски повторно избра да ги навредува своите сограѓани.

Мицкоски повторно избра да го дели народот.

Ова веќе не е патриотизам.

Ова е патолошка политичка омраза и тоа веќе треба јасно да се каже.

И додека самиот Мицкоски за својот народ зборува како за „талог“, Македонија тоне во економска криза.

Животниот стандард секојдневно опаѓа.

Водата е отруена во сè повеќе населени места во државата.

Државата е заглавена без напредок во евроинтеграциите.

Реформите стојат во место.

Или, како што и самиот Мицкоски кажува, тој ја клати државата, ги клати граѓаните во еден

привиден воз, а возот всушност не постои, а богами не постои ни шина.

Граѓаните секојдневно ја плаќаат цената на неговата неспособност и секојдневно се уверуваат во начинот на кој Мицкоски ги навредува.

Прво, во еден квазипатриотски вознес , ги повикуваше граѓаните летните одмори да ги поминат покрај прекрасните македонски езера, реки и планини, за неколку дена потоа самиот тој да изјави дека нема да оди на одмор во Македонија, туку ќе оди на друго место.

Откако му стана јасно дека ги лаже граѓаните, на сите ни кажа дека тој, всушност, нема да оди на одмор, туку ќе оди на екскурзија.

Така што, ако го видите Мицкоски на плажа, да знаете дека тој е на екскурзија.

Почитувани, Христијан Мицкоски не може да биде премиер на сите граѓани сè додека нас нè нарекува „талог“.

Сè додека македонските граѓани ги нарекува „талог“, ние, за жал, немаме премиер, немаме лидер.

Ние имаме шеф на една организирана криминална група.

Ете, тоа е Христијан Мицкоски.

Линк до видео: