Соопштение за јавност
Две вести ја покажуваат вистинската слика за здравството под оваа власт.
Прво:
Пациент морал од свој џеб да плати околу 130.000 евра за биолошка терапија – затоа што државата не му ја обезбедила.
Кој одлучува кој ќе добие терапија? Комисија. Без јасни критериуми. Без транспарентност.
Второ:
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најавува дека 456 онколошки пациенти ќе добијат еднократна парична помош.
Пријавени биле 1.200.
Значи – повеќе од половина остануваат без ништо.
Прашањата се едноставни:
• Која е методологијата?
• Кој одлучува кој ќе добие, а кој не?
• Дали одлучува Орце? Дали одлучува ВМРО?
• Ако нема за сите – како се тоа вика?
Ова не е системска грижа за болните.
Ова е селективна, политичка „помош“ што се дели како милосрдие.
Додека граѓаните умираат чекајќи терапија или плаќаат стотици илјади евра од џеб, Владата и нивните градоначалници прават шоу со списоци и фотографии.
Здравството не се решава со еднократни пакети за избрани.
Се решава со систем, со лекови, со терапија за сите – не за 456 избрани.
Ова е ВМРО. Ова е нивната „грижа“ за граѓаните.
Истата „грижа“ ја гледаме и со водата.
Цела Македонија се труе, а особено Гостивар.
Луѓето пијат кал и бактерии, а пациентите од Гостивар се возат во Тетово – затоа што и болницата им ја отруја.
Грижа за здравјето?
Грижа за водата?
Не.
Само селективна пропаганда и целосен колапс на системот.



