1 милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ, арамијата Мицкоски ги загрозува пензиите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција на СДСМ, Јована Тренчевска – потпретседателка

Арамијата Мицкоски и неговата криминална власт го доведоа Фондот за ПИОМ во сериозен ризик.

Состојбата е алармантна, дупката во Фондот Мицкоски ја зголеми на 1 милијарда евра!

Тоа се над 14% од целиот буџет!

Во ризик е исплатата на пензиите.

ПИОМ веќе не може да се полни од придонеси, криминалната банда го доведе до неодржливост.

ВМРО-ОКГ и Мицкоски имаат план само како да украде пари од граѓаните, се друго растураат.

Ја задолжија државата со 4 милијарди нов долг за само две години – секоја недела ново задолжување за криминални партиски тендери.

Луксузи, нов авион, скапи партиски настани, 5,5 милиони евра за прослава – за граѓаните ништо, нула денари, нула мерки.

Како неговата влада гарантира дека пензиите ќе се исплаќаат на време кога нема никаква проекција, нема рок до кога ПИОМ ќе зависи од Буџетот.

Од први јули, оваа година, придонесот на ПИОМ е зголемен за 1% односно, процентот што одеше во Агенција во вработување го прераспределиле во Фондот за пензиско.

И повторно дупката е зголемена на 1 милијарди евра.

Дополнително, арамијата Мицкоски го доведува во ризик и вториот пензиски столб.

Најавите за вториот пензиски столб се движат од национализација до „реконструкција“.

Граѓаните кои со години уплаќале може да останат без својата заштеда и без потпора на веќе ниските пензии.

Ова е класична импровизација и неодговорно поигрување со иднината и сигурноста на граѓаните и на идните пензионери.

Пензионерите бараат фонд што функционира, а не празни приказни и ветувања од Арамија и неговата банда.

Затоа бараме јавен одговор: како дупката од 1 милијарда евра ќе се пополни? Од каде точно ќе се покрие, кои мерки го намалуваат дефицитот и до кој датум.

Без јасен план и конкретни мерки, уверувањата на ВМРО се само политичко покритие за власт која пензиите ги користи како парола, а финансискиот товар го префрла врз граѓаните.

Се работи за стотици илјади луѓе, кои работеле, учествувале во полнењето на пензискиот систем.

За пензионерите кои денес зависат од својата пензија за лекови, храна и сметки, и заслужуваат сигурност.

За идните пензионери, кои денес работат, плаќаат придонеси и со право очекуваат еден ден да имаат сигурна и достоинствена пензија.

Пензиите не се милостина од Мицкоски. Пензиите се право. Пензискиот фонд е обврска на државата.

Линк до видео: