Соопштение за јавност
Владата внесува кинески пари и ги поткопува партнерствата со САД и ЕУ, предупреди во претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во денешната изјава од Струга. Филипче посочи дека на САД добро им се познати политики на Мицкоски, кои се спротивни на стратешкото партнерство.
„Очигледно е дека Американската администрација добро знае дека Христијан предводи Влада која што во земјава носи кинески пари, спротивно на заедничките наши интереси на нашиот партнер со Соединетите Американски Држави“, рече Филипче.
Во однос на посетата на владината делегација на САД, Филипче укажа деа Мицкоски не се наоѓа на списокот на државните со кои ќе се сретне американскиот претседател Трамп, а причините за тоа треба да се бараат во политиките на Мицкоски.
„Го гледаме периодов на посета служба во САД, огромна делегација кој знае колку луѓе се отидени и кои ги плаќаат тие силни трошоци. Нашите информации се дека над 50 луѓе вкупно се заминати во Америка. Денеска е објавен списокот на државници, функционери со кои што ќе се сретне претседателот Трамп, Христијан Мицковски не е на тој список“, рече Филипче.
Филипче додаде дека политики на Мицкоски го нарушуваат исполнувањето на партнерствата со САД и Европската Унија.
„Оваа власт учествува во шверц на дрога преку граница, ја поткопува демократијата и ги контролира медиумите заедно со руско-српските врски. На тој начин не се води држава, на тој начин не се исполнуваат партнерствата со нашите стратешки партнери Европска Унија и САД, а како еден од показателите е тоа што за прв пат од осамостојувањето на земјата, оваа година Америка ја намали воената помош за нашата земја“, рече Филипче.
Линк до видео:
