Филипче: СДСМ е единствената вистинска опозиција – ќе ја вратиме власта во рацете на народот!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ е единствената вистинска опозиција и ќе ја вратиме власта во рацете на народот, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на вечерашната промоција на програмата на кандидатот на СДСМ за градоначалник на Општина Брвеница, Јовица Радевски. Филипче нагласи дека СДСМ ќе се бори против криминалната власт на Христијан Мицкоски и дека партијата ќе продолжи да биде гласот на граѓаните.

„Денеска ви е сè јасно. Сè она што го зборуваме со месеци. СДСМ е единствената вистинска опозиција. Остануваме со вас. Остануваме во борба против оваа криминална организација на чело со Христијан Мицкоски“ рече Филипче.

Во своето обраќање, Филипче додаде дека СДСМ ќе ја продолжи борбата за враќање на власта во рацете на граѓаните.

„Заедно ќе ги победиме. Наскоро доаѓа време на вистината и правдата. Ќе ја вратиме власта во рацете на народот. Оваа банда на власт сега ќе одговара. Тоа ви го велам јас лично. И сите што се со мене во оваа борба. Нема мафија да владее со оваа земја,“ рече Филипче.

Притоа, Филипче порача дека ВМРО во Брвеница ќе биде победено и ги повика жителите на Брвеница масовно да излезат на гласање и со својот глас да покажат дека сакаат промени и поинакво управување со општината.

„ВМРО може да биде победено и ќе биде победано тука во Брвеница. Нашата сила ќе ја покажеме со доверба заработена меѓу луѓето и со гласови на изборниот ден. Повеќе гласови во Брвеница ќе значи една општина помалку под управување на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа ве повикувам: излезете на гласање! Гласајте за Јовица Радески, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Брвеница. Поддржете ја неговата програмата. На разочарувањето да одговориме со учество. На обидите за поделба – со заедничка работа. На власта што заборави кому му служи – со јасна демократска порака на гласачкото место дека ова ќе биде нивни пораз во Брвеница. Заедно за промени во Брвеница, да ја заслужиме победата и да ја претвориме во подобар живот за граѓаните“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Линк до видео: