Филипче од Брвеница: Со СДСМ стабилност и европски пат, со ВМРО навреди и меѓунационални поделби!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ е фактор на стабилност, демократија и европска иднина, додека владеењето на ВМРО носи навреди, понижување и меѓунационални поделби, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на вечерашната промоција на програмата на Јовица Радевски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Брвеница.

„Кога СДСМ е дел од Владата или од локалната власт, нема меѓунационална омраза и поделби. Кога е ВМРО на власт, постојано има навреди, понижување и сеење меѓунационална омраза“, истакна Филипче.

Тој нагласи дека СДСМ нуди јасен правец за државата: демократски слободи, слободни медиуми и напредок кон Европската Унија, со пристап до фондови и средства за развој.

„СДСМ отсекогаш бил фактор на стабилност. Со нас нема изненадувања: демократија, слобода на говорот и мислата, слободни медиуми и европски пат што ќе донесе фондови и средства од ЕУ. Тоа е патот напред, без политика на поделби и изолација“, порача Филипче.

Промената во Брвеница треба да донесе одговорна локална власт, посветена на потребите на сите граѓани, нагласи тој. Програмата на Јовица опфаќа конкретни решенија за водоснабдувањето, улиците и локалните патишта, подобри услови во училиштата, грижа за постарите и можности за нови работни места.
„Јовица, граѓаните со право ќе очекуваат да бидеш до стапен и да одговараш за сработеното. Тоа е обврската што сите ние ја преземаме пред нив. Така ќе покажеме дека постои поинаков начин на управување“, рече Филипче.

Тој ги повика граѓаните да ги поддржат Јовица и неговата програма и со учество на изборите да одговорат на политиките на поделби и на изиграната доверба.

„На разочарувањето да одговориме со учество. На обидите за поделба — со заедничка работа. На власта што заборави кому му служи — со јасна демократска порака на гласачкото место дека ова ќе биде нивни пораз во Брвеница“, истакна Филипче.