Филипче: Ребалансот не е поради намалените акцизи и ДДВ за горивата туку лошо менаџирање на економијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, посочи дека најавениот ребаланс на Буџетот не е последица на намалените акцизи и ДДВ за горивата како што тоа сака да го прикаже премиерот Мицкоски, туку е последица на лошото планирање и менаџирање на економијата од страна на Владата.
Филипче појасни дека дека објаснувањето на Мицкоски за сегашната состојба со Буџетот не ги одразува реалните бројки, посочувајќи дека приходите од ДДВ и акцизите од горивата и понатаму се значителни поради растот на цените.

„Повторно премиерот, во негов манир, во манирите на барон Минхаузен, кажува дека поради тоа што се намалила акцизата и ДДВ-то на горивата, треба да се прави ребаланс на Буџетот. Ако недостатокот е околу 130 милиони евра, треба да се знаат вистината и фактите во однос на ДДВ-то и акцизата кај горивата“, рече Филипче.

Тој посочи дека во 2025 година, кога немаше криза, вкупниот прилив по основ на ДДВ и акцизи на горивата беше околу 500 милиони евра, и објаснувањето за недостигот од 130 милиони евра не е одржливо.

„Вкупниот прилив по основ на ДДВ и акцизи на горива лани кога немало криза, значи во 2025 година, околу 417 до 500 милиони евра. Што значи дека три месеци требале да не се наплаќаат ДДВ акцизи за да не достатуваат околу 130 милиони евра, како што кажува примерот. Што значи, тоа не е вистина. Дополнително, ако и покрај намалувањето одредено изминатите месеци на ДДВ и акцизата, вкупната цена на горивата е зголемена за повеќе од 50%, тоа значи дека и со намалено ДДВ и акциза на поголема влезна цена на горивата, ако не повеќе најмалку исто ќе бил приливот по основна акциза и ДДВ од поскапи горива. Уште една лага на Христијан Мицкоски. Што е вистината? Не е добро испланиран Буџетот“, рече Филипче.

Тој додаде дека вистинскиот проблем е во лошото менаџирање на економијата и финансиските политики, а последицата ќе биде ново задолжување на државата.

„Нема добра наплата, нема раст, искористеност на капиталните инвестиции, предупредувавме на ова кога се носеше Буџетот и сега што останува, нови задолжувања. Зошто? Поради тоа што лошо се менаџира економијата. Милијарда евра фалат во Буџетот. Не е за тоа виновна кризата. Да, има свој придонес, меѓутоа не до тој степен да треба нов ребаланс на Буџетот. Лошо водење на економијата и на финансите доведува до тоа да фалат милијарда евра во буџетот“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ предупреди дека недостигот во Буџетот повторно ќе се покрива со нови скапи задолжување, а граѓаните нема да почувствуваат никаква конкретна корист.

„Нема друг извор на пари за оваа криминална власт, кој што и покрај тоа, повторно ќе ги искористат за своите партиски криминални тендери.Повторно и покрај новото задолжување, кое што ќе достигне 12 милијарди евра сега, граѓаните нема да видат никаков бенефит, ниту некаква мерка за нив“, рече Филипче.

Линк до видео: