Филипче: Идните коалиции ќе се градат за Европа, правда и поддршка на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју во емисијата „Импакт“, на телевизија Шења, порача дека идните коалиции ќе се градат за Европа, правда и поддршка на граѓаните.

Тие коалиции како што кажа Филипче треба да се темелат на јасни вредносни политики, со европска интеграција, владеење на правото и конкретна поддршка за граѓаните како клучни приоритети. Тој додаде дека СДСМ ќе разговара за идни партнерства со политички партии, граѓански организации и поединци кои ќе ги поддржат овие принципи.

„Секоја коалиција која што понатаму ќе ја правиме, ќе биде заснована на вредностните политики. И на тоа која од политичките партии ќе се согласи заеднички да ги реализираме, нормално и сугестии кои што ќе ги прифатиме заеднички, не е тоа бетон, нешто што не може да се смени, но тоа е нашиот костур на програмата“ рече Филипче.

Тој нагласи дека во процесот на креирање на идните политики би биле вклучени и граѓански организации, интелектуалци и граѓански активисти.

„Секоја добронамерна и во контекст на вредносна политичка сугестија ќе биде добредојдена, ама само со политички партии и поединци, граѓански организации, видни интелектуалци, граѓански активисти кои ќе сакаат да спроведуваат програмата“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ посочи дека спроведувањето на програмата на СДСМ ќе биде проследено и со контрола од страна на граѓаните, а како пример ја посочи реакцијата на граѓаните за деталниот урбанистички план за скопската населба Барутана на Водно.

„Спроведувањето на програмата ќе се контролира од страна на граѓаните, и тоа е начин на кој што ние ќе ги правиме идните коалиции. Ќе обединиме луѓе како што сме сега, кои што ги слушаат граѓаните. Во тој контекст вчера напоменав дека врз основа на реакциите на граѓаните нашиот став е дека нема да се гради ниту цигла во делот на спорниот детален урбанистички план за кој што граѓаните имаат огромни реакции на Водно, да знаат дека како резултат на нивните реакции нема да се гради на Водно, така ќе биде и во секое следно спроведување на политиките“, рече Филипче.

Тој додаде дека секој што ќе поддржи Европа, борба против корупција, владеење на право, подобар живот за граѓаните со соодветни мерки, е добредојден.

„Секој кој што ќе поддржи Европа, секој кој што ќе поддржи нов антикорупциски закон, секој кој што ќе поддржи ветинг на сите функционери, вклучувајќи ги и луѓето од православството, судите и обвинителите, секој кој што ќе поддржи пакет мерки, поддршка за граѓаните во сите сектори и секој што ќе поддржи да акции од големите државни компании одат кај граѓаните – тоа ќе биде програмата. Кој сака е добредојден да се приклучи“, рече Филипче.

Линк до видео: