Буџетот и границата дупнати како швајцарско сирење, каде е Мицкоски, каде се одговорите?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Два дена го немаше Мицкоски кога требаше премиерот да одговара на прашања. Го има само кога се однесува како новинар на жолта печат.

Пуштен Груби со факли и прослава. Ива Михаилова пуштена преку граница, два пасоши одземени, системите не регистрираат ни излез ни влез.

Тошковски вели границата што ја чува е како швајцарски сирење. Истото може да се каже и за буџетот. Дупнат како швајцарско сирење. Го чува Мицкоски.

Полицијата на Тошковски го пушти и бодигардот што тепаше жена. Нема реакција на пријави за семејно насилство што доведе до смрт на мајка и дете.
Масовен убиец беше на слобода. Пет тони дрога поминаа преку граница. Safe City без закон. Пегазус за снимање граѓани. Опрема за царина се предава свечено, а границата пропушта.

Правосудството служи само за кампања. Мицкоски поставува обвинител на телевизија. Наредува од говорница и по телефон.

ДКСК и обвинителството ги отфрлаат пријавите за криминални тендери.

Извештајот на Европската комисија е катастрофален: мешање на Мицкоски во правосудството. Независните обвинители ги нарекува медиокритети, а за народот вели дека е талог.

Се апсат за закани на социјални мрежи за Мицкоски, а нападот на млади во Ново Село без реакција.

Буџетот на Мицкоски има дупка од 900 милиони евра, втор ребаланс, трет е најавен. Додека други нормални земји усвојуваат буџети за следната година, арамијата ги полни дупките со нови задолжувања. Пари потрошени на криминални тендери.

Четири милијарди евра долг за две години. Милијарда фали за пензии. А Мицкоски, елита и институција, нема одговори. Нема за границата. Нема за буџетот. Одговори има само Латас кој ги пласира глупостите по Орбан-Вучиќ медиумите.

Стандардна приказна за ВМРО-ОКГ.

Сега граѓаните гледаат што значи државотворна партија и што значи да се преземе одговорност. За разлика од оваа криминална организација што ја држи земјата во економски колапс и целосна изолација од Европа.

Власта ќе се врати во рацете на народот. Бандата ќе одговара. Пред независно судство и пред Лаура Ковеши.