Филипче: Огромни долгови од 4 милијарда евра и огромни камати – Мицкоски ја води економијата во пропаст

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостувањето во централниот дневник на Македонската телевизија, предупреди дека Владата на Мицкоски ја води економијата во пропаст, со огромни задолжувања, високи камати и кратење на средствата за капитални инвестиции.

Филипче посочи дека вкупниот долг на државата ќе порасне на 12 милијарди евра, од 8 милијарди евра во 2024 година, што претставува зголемување за 4 милијарди евра, а новите задолжувања се прават со високи каматни стапки.

„Понатаму, ново задолжување од 150 милиони евра со фрапантна камата од 5,5% и уште 100 милиони евра кои што ќе ги земат после ребалансот. За да следи ново задолжување од 1 милијарда евра следната година. Со тоа, вкупниот долг на земјава ќе порасне на 12 милијарди евра. Од 8, колку што наследија во 2024 година“, истакна Филипче.

Филипче посочи дека тврдењата на Мицкоски за добра економска состојба не соодветствуваат со реалноста и предупреди дека економските политики на Владата водат кон пропаст.

„Тоа што Христијан Мицковски практично халуцинира дека добра работи економијата, покажува и мафта со некои хартии на кои што пишува убави бројки за него, јас веќе имам сомнеж дали тој на вистина верува во тие бројки? Или некој му ги сервира од службите затоа што економијата се води во пропаст. Имаме Огромни задолжувања, пари кои што се трошат само за трошење, за трошоци, не за капитални инвестиции. Капиталните инвестиции се намалени со новиот ребаланс за 100 милиони евра, намалени се парите во здравството за двете болници Штип и Кичево и намалени се парите за ретки болести и за инсулин. Ништо друго нема да се случи. Само сиромаштија и огромни долгови се на сметка и за сметка на партиските тендери. Тоа е суштината“, порача Филипче.

Линк до видео:

https://play.mrt.com.mk/play/598023