Филипче: Нема да се откажам од борбата за СДСМ и за Македонија – најмалку можат да ме предомислат сателитите на Мицкоски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Нема да се откажам од борбата за СДСМ и за Македонија, најмалку можат да ме предомислат сателитите на Мицкоски, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју за Централниот дневник на МРТ 1. Филипче истакна дека вратите на партијата се отворени за разговори и придонес, но дека нема да дозволи притисоци и барања за оставка да го одвратат од неговата политичка борба.

Во однос на критиките од платформата ЗНАМ 2.0, Филипче нагласи дека не гледа добра намера кај оние кои биле поканети да разговараат, а потоа излегуваат во јавноста со барања за оставка од него и од раководството на СДСМ.

-Јас кажав дека отворени се вратите, но не можам да видам добра намера кога некој што е поканет да седне на масата и да придонесе, а потоа излегува во јавност и кажува раководството и јас лично да поднесеме оставка, рече Филипче.

Тој беше дециден дека нема да дозволи ваквите обиди да го одвратат од борбата за СДСМ и за иднината на државата, и тоа сателитите на Христијан Мицкоски.

-Најмалку од вакви сателити на Христијан Мицкоски, кои што при овој стрмоглав пад на неговата популарност нема што друго да прави, осен нас да ни прави внатрешни проблеми, никој ништо нема да ме предомисли, ниту пак да направи да се откажам од борбата за добра СДСМ, консолидирана СДСМ и добра европска, напредна Македонија во Европската Унија, рече Филипче.

Филипче порача дека Македонија се наоѓа во критичен момент и дека иднината на државата зависи од изборот дали ќе продолжи кон европска интеграција и развој или ќе остане заглавена во изолација.