Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната собраниска седница, во прашањето упатено до премиерот Христијан Мицкоски, нагласи дека јасно се гледа послушноста на Мицкоски кон контролорите од БИА, Стоилковиќ и Латас. Филипче го прозва Мицкоски за начинот на кој ја практикува власта, преку пропаганда, оцрнувања и дискредитации, наместо да одговара на конкретните прашања.
„Користиш разноразни пропагандни механизми, лажни кампањи, оцрнувања, дискредитации, работиш, создаваш простор за политички острел на твоите политички противници, меѓутоа и на твои блиски луѓе коишто не работат така како што ти им диктираш и не одговараш на ниту едно прашање така како што го поставуваме и на ниту едно прашање конкретно не си одговорил изминативе повеќе од две години.Јас ќе се обидам, да поставам едно прашање кое што е многу важно. Искрено се надевам дека нема да слушаме дел повторно од твојот фолклор, затвори, решетки, лисици, талог, медиокритет и така натаму,зграда во Дубаи и Харис Џиновиќ. Јас разбирам дека мора контролорите од БИА да ги слушаш понекогаш Стоиљковиќ и Латас, но работите ко што гледаш се менуваат“, рече Филипче.
Филипче посочи дека Мицкоски ја губи поддршката од Србија и дека ќе мора да одговара на прашања и пред европските институции. Тој отвори и прашања за кинеските пари од Унгарија, Алта банка и информациите за можен трансфер на пари од Србија во Македонија.
„Јас знам дека сега тебе не ти е лесно, го нема и вториот ментор. Тој систем на поддршка од Србија полека се губи и ќе останеш сам. Се поставува прашањето што ќе правиш? Веројатно ќе треба да одговараш на прашања не само тука, меѓутоа и на некои други места. Онака како што јасно и недвосмислено, многу брутално што би рекол ти робусно кажа претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, дека пред Европа ќе треба да се одговара пред европското обвинителство и европската обвинителка Лаура Ковеши. Па ќе се отворат прашања за кинеските пари од Унгарија, за Алта банка, за тоа дали има навистина, како што сè повеќе имаме информации, трансфер на пари од Србија тука. Некои документи видов пред неколку дена. Ако е тоа навистина така, мене ми е вака човечки жал за тебе, да ти кажам право, не политички, ама патот сам си го избираш“, рече Филипче.
Линк до видео:
