Филипче до Мицкоски: Посегна да ја распродаваш земјата за рудници и за туѓи бизнис интереси!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче, во реплика до Христијан Мицкоски во Собранието му порача дека започнувањето постапки за отворање рудници ќе предизвика сериозен отпор кај граѓаните и дека СДСМ ќе го води или ќе го поддржи тој отпор, а на барање на граѓаните ќе направи и жив ѕид.

„Сакам да ти кажам дека ако ги почнете постапките ќе се соочите со сериозен отпор кај граѓаните. Ние тој отпор ќе го водиме или ќе го поддржиме, а ако треба ќе направиме и жив ѕид на нивно барање за таму да нема рудници“, нагласи Филипче.

Во репликата, претседателот Филипче го потсети Мицкоски и на ветувањата за враќање на името, поништување на Преспанскиот договор и подобрување на договорот со Бугарија.
„Чекаат луѓето да го вратиш името. Врати го името. Чекаа да го поништиш Преспанскиот договор. Поништи го. Чекаа да го смениш или го подобриш договорот со Бугарија. Ајде подобри го. Чекаа да подобриш преговарачката рамка. Ајде подобри ја преговарачката рамка. 100 пати ветуваше“, порача претседателот на СДСМ.

Филипче го критикуваше и начинот на кој Мицкоски ја води државата, оценувајќи дека неговото постапување повеќе наликува на уредување пропагандни содржини отколку на работење во интерес на граѓаните.

„Би рекол дека можеби си ја промашил професијата, бил добар уредник на Информер и на Колегиум. За жал тие се гасат сега полека затоа што не ти оди со водењето на државата во интерес на граѓаните онака како што треба“, истакна Филипче.

Линк до видео: