Трајановски: Не можете да барате младите да останат, а да им нудите 140 денари за оброк

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Не може власта да зборува за задржување на младите во државата, а истовремено да им нуди 140 денари за студентски оброк и да ги одбива предлозите за зголемување на поддршката, порача потпретседателот на СДСМ, Александар Трајановски, во интервју за „Слободен печат“.

„Ако толку се залага младите да ни останат во државава, ако има политики за развивање на младите, да не ни бегаат надвор, да не ни вадат бугарски пасоши, да нема одлив на мозоци, тогаш не може да им понудите 140 за оброк“, истакна Трајановски.

Потпретседателот на СДСМ нагласи дека растот на животните трошоци ја намалува вредноста на парите и дека поддршката за студентите мора да ги следи реалните потреби.

„Затоа што 2.000 денари што било 2020 не е 2.000 денари што е 2026 година, а обично така ги споредуваат работите. Еве, ние кога ќе идеме да пазариме знаеме дека 2.000 денари со 2.000 денари не е исто што се купувало 2020 година. Ако имало инфлација, имало ковид-криза и сè. Така да мора од негде да се тргне“, посочи тој.

Трајановски потсети дека СДСМ предложи амандмани за зголемување на додатокот за студентски оброк, но власта ги одби, исто како и предлозите за повисока минимална плата и поголема поддршка за земјоделците.

„Предлагавме три пати зголемување на минималната плата. Бевме одбиени, предлагавме сега амандмани за зголемување на додатокот за оброк на студентите и таму бевме одбиени. Буквално ВМРО сè што е добро за граѓаните од наша страна што го предложивме го отби“, нагласи Трајановски.

Тој порача дека СДСМ продолжува да ги застапува овие политики преку конкретни предлози во Собранието и непосредна работа со граѓаните на терен.

„Нашите политики јасно и гласно ги кажуваме цело време и постојано“, истакна потпретседателот на СДСМ, Александар Трајановски.

Линк до видео: