Сè е полошо, катастрофата во која Мицкоски и бандата ја донесе земјата се гледа и во Извештајот на ЕК

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција на СДСМ, Андреј Жерновски, Секретар за меѓународна соработка

Денешната прес-конференција е посветена на вчерашниот Извештај, којшто, за жал, е катастрофален и за којшто мораме да бидеме реални, не како опозициска партија, не како политичари, туку како граѓани, дека ништо друго и не очекувавме, така што никој, буквално никој во оваа држава, не е изненаден од тоа што пишува во Извештајот и од тоа што е директно набележано како критика за ова владеење на ВМРО.

Катастрофата во која Мицкоски и неговите нè втурнаа овие две и пол години се одразува директно и во Извештајот. Нема никаква тајна околу овие извештаи. Каков мандат, каков резултат на вашиот мандат, такви и извештаи добиваме од Брисел и затоа сè ова што е набележано во Извештајот можеме накратко директно да го оцениме како катастрофа.

Она што загрижува е што имаме нула напредок во корупцијата и во борбата против корупцијата. Имаме нула напредок во она што беше борба за да имаме добри јавни набавки. Тука немаме никаков напредок.

Лоша е, катастрофална состојбата. Нула напредок имаме и кај слободата на медиумите. Судството е под политичка опсада и без пари.

Медиумите се под притисок, а земјоделството е пред колапс.

Власта го зароби судството, го задуши медиумскиот простор и ја остави корупцијата недопрена, а корупцијата го јаде обвинителството, го јаде судството, го јаде општеството во целост.

Имаме нула напредок во седум области. Меѓутоа, она што посебно загрижува е што најважниот кластер е Кластерот 1, тој се однесува на темелите и директно ги набележува недостатоците или немањето каков било резултат на оваа влада.

Реков, се констатира застој во борбата против корупцијата, слободата на изразување и јавните набавки, но придружени со директни политички притисоци и врз правосудството и врз медиумите.

Извештајот покажува дека сè тоа што го зборувавме наназад година дена како СДСМ беше точно и е вткаено во текстот на овој Извештај.

Корупцијата останува широко распространета во нашата држава и е веројатно еден, ако не и најголемиот проблем кај нас.

Негативна е оценката и за слободата на изразување. Тука навистина треба сите да сме крајно загрижени.

Изборното законодавство сè уште ги нема прифатено сугестиите од ОБСЕ, од ОДИХР, ниту од Венецијанската комисија.

Парламентот, за жал, е претворен во институција којашто му служи само на Владата. Делумно ефикасно ја извршува својата функција. Така оценува Комисијата, а употребата на скратените законодавни постапки повторно е зголемена, на што нашите пратеници редовно укажуваат во Собранието, односно на тоа како се злоупотребува таа процедура.

Европската комисија предупредува и за слабото управување со јавните инвестиции, големата неформална економија, каде што всушност е и криминалот, иселувањето на квалификуваната работна сила, недостигот на соодветни вештини и големиот родов јаз на пазарот на трудот.

Меѓутоа, сè тоа што го зборуваме и сè тоа што Европската комисија го набележува во овој Извештај граѓаните многу добро го знаат, бидејќи многу добро знаат како живеат денеска, благодарение, на “резултатите“ на владата на Мицкоски!

Имаме криминална власт којашто целосно сака да го контролира судството и врши притисок врз судството. Криминалот и корупцијата се во врвот на агендата. Европскиот пат, како што гледаме, е максимално закочен, а стандардот на граѓаните опаѓа, што значи дека и квалитетот на живот станува сè полош. Накратко кажано, сè оди надолу, сè е полошо и полошо.

А како може и да биде поинаку?

Какви резултати да очекуваме поинакви? Каков извештај да очекуваме поинаков кога во нашата држава владее мафија или, попрецизно кажано, со нашата држава владеат мафијаши?

Ете, тоа е причината зошто Мицкоски и неговите не сакаат да ја видат Македонија во Европската Унија.

Затоа што, ако Македонија беше во Европската Унија, тогаш немаше да ни се случи Алта банка, бидејќи самата Европска Унија забрани влез на валкани пари на нејзиниот пазар.

Немаше да ни се случи да имаме криминал од ваков размер, туку Мицкоски веќе ќе одговараше пред Лаура Ковеши, којашто е шефица на Европското јавно обвинителство.

Линк до видео: