Соопштение за јавност
Претседателот Зоран Заев во гостувањето на ТВ 24 порача дека со Договорите со Бугарија и Грција дојдовме до донесоа членство во НАТО и конечно отворивме вратите на ЕУ.
-Во нашиот пат за членство кон НАТО и ЕУ, Бугарија Грција сега не само што не не блокираат, туку и сесрдно го помагаа нашето забрзано интегрирање. Тоа е впрочем и нивна обврска од договорите. Договорот со Бугарија создава рамка и инструменти за решавање на сите прашања со Бугарија, преку взаемна почит, за изградба на пријателство и партнерство.
-Односите со Бугарија и Грција никогаш не биле подобри. Градиме пријателство и стратешко партнерство со нив, и тоа е добро за граѓаните на нашите држави и за граѓаните од целиот регион. Сојузници сме во НАТО и во иднина ќе бидеме партнери во ЕУ, додаде Заев.