fbpx

Шекеринска од Струга: Го ослободивме стопанството од уцените и рекетот на ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Денес сретнавме и некои луѓе од приватниот сектор, знаете кои беа двете пораки и двете работи што ми останаа во глава, едните велат знаете што веќе не се плашиме од власта, кога ќе чукнете на врата знаеме дека не доаѓате со лоша мисла,знаеме дека утре нема инспекции да ни пратите, знаеме дека никој ниту сака да ни се одмазди ниту сака да ни го одземе тоа што сме го стекнувале со години.

Второто, уште поважно беше што овие луѓе виделе како ние практикуваме власт. Кога ги најавивме нашите мерки за поддршка на фирмите, дел беа и пари кои ги насочивме кон фирмите кои иновираат, ќе го унапредуваат своето производство.

Викаат конкуриравме заради тоа што сакавме да се обидеме, ама не знаевме што ќе добиеме, не знаевме дали некој ќе тера партиски списоци, не знаевме дали ќе не уценува, не знаевме дали тоа ќе биде некаква корупција.

Никој не ни се јави, никој не ни постави услови, никој не не проверуваше дали имаме книшка и кого го симпатизираме. Добивме поддршка за прв пат од државата без да вртиме телефони.

Последни вести