fbpx

Шекеринска: Јавноста треба да знае, ДПМНЕ блокираше закон кој обезбедуваше 33 милиони евра за нашето здравство, тоа е срам!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Кога не „удри“ Корона кризата ние не застанавме, јас претпоставувам дека да беше ВМРО ДПМНЕ на власт ќе дојдеа кај вас и ќе речеа и патот не е изграден и базенот не е почнат и салата не е изградена ниту во Лабуниште ниту во Нико Нестор, зошто, заради короната. Не правевме оправдувања, туку седнавме и покажавме дека кога е најтешко оваа држава може најдобро да функционира ама знаете зошто, затоа што кога немаше коронакриза ние парите не ги насочувавме кон погрешни проекти туку одлучивме да ги зголемуваме платите на сите во здравството.

12 години зборуваа дека квотите по аптеките мора да постојат, за само 2 години им покажавме дека ако се работи домаќински граѓаните може особено пензионери, хронично болни ќе може да сметаат дека секогаш лекот на позитивна листа ќе може да го најдат во аптека.

Ги зголемивме платите на здравствените работници, ги зголемивме специјализациите, минатата година имавме рекорден број на специјализации од било кога претходно. Кога дојде кризата и кога почнаа да поставуваат прашања зошто немало замислете повеќе епидемиолози, зошто немало доволно инфектолози, па тоа не е кајгана да земеш јајца и да направиш специјалист.

Тоа што не го направија 12 години ние забрзано го правевме овие 3 години и бевме подготвени и знаевме што да направиме. За само месец дена од кризата успеавме да обезбедиме 33 милиони евра поддршка на нашето здравство, поддршка за подобри терапии и поддршка за обнова на сите одделенија на интензивна нега.

Знаете тоа истото ВМРО ДПМНЕ што направи, не мрдна со прст ама не мрдна ни со една рака и го блокираше Законот којшто обезбедуваше 33 милиони евра за нашето здравство во најголемата криза е толку од ВМРО ДПМНЕ.

Последни вести