Соопштение за јавност
Во новата програма имаме ветувања кои се засновани на реални основи. Кога дојдовме на власт во 2016 година рековме дека ќе ги вратиме парите кај граѓаните и ги вративме. Почнувајќи од радиодифузна такса,која чини 200 денари, но на годишно ниво е 2.400 денари, рековме ефтина тарифа на струја, ако најмалку е 300 денари, на годишно ниво тоа се 3.600 денари, тоа се веќе 6000 денари, кога ќе го ставиме и повратот на ДДВ кој генерира 2.000 денари во семејствата, тоа се 8.000 денари. – истакна Јагода Шахпаска на гостувањето на Националниот телевизиски сервис во емисијата Парламентарни избори 2020.
Рековме дека ќе направиме темелна реформа во социјалата. 300% ја зголемивме социјалната помош, воведовме детски образовен додаток за да ги извадиме децата од сиромаштија и да ги внесеме во образование, затоа што младите се иднината на оваа држава.-посочи Шахпаска.
Солидарноста,еднавоста, правдата се обележје на социјалдемократите, па така за прв пат воведовме социјалната пензија од 6000 денари која ја примаат 6600 возрасни граѓани кои не успеале да остварат право на пензија.Тоа е социјална правда. -рече Шахпаска.
Како дел од реформите за кои сум навистина горда како дел од комисијата за труд и социјала во Собранието е и решавањето на статусот на 12.000 стечајни работници. Додека ВМРО-ДПМНЕ за 11 години реши статус на околу 4.000 стечајци. Денес тие 12.000 стечајци земаат месечно околу 8.000 денари. И тоа е социјална правда. –истакна Шахпаска.
Таа зборуваше и за покачувањето на минималната плата од 9.000 денари на 14.500 денари, изедначување на платата во сите сектори и кожарската, текстилната и за обувки сите кои беа дискриминирани од останатите вработени. Но и за покачувањето на платите на вработените во градинките, па така денес негователките земаат 20.000 денари плата, а воспитувачките за 27% повисоки плати. Околу 3000 вработувања во сферата на социјала и труд.
Понудата за следниот мандат ќе биде минимална плата од 20.000 денари и просечна од 34.000денари. –рече Шахпаска.
Таа посочи дека од запуштено здравство, кога се даваа премногу пари за апарати кои седеа нетпакувани, незадоволни доктори денес имаме доктори специјалисти со повисоки плати за 40%, денес медицинска сестра на клиника зема 31.000 денари плата, тоа е зголемување од 23%, зголемен капитационен бод и за матичните лекари и за стоматолозите. Наспроти зголемувањето од страна на ВМРО-ДПМНЕ од само 9%.
Ако изминативе две и пол години Владата на СДСМ беше насочена кон меѓународната политика , но следните четири години се посветуваме на економијата, на економски мерки за граѓаните.-истакна Шахпаска.