Соопштение за јавност
“Би сакала во неколку реченици да ве потсетам на сè што беше кажано, а особено на сè што беше сторено во изминатиов период.11 години власта во Македонија беше киднапирана од мафијашки режим кој владееше со страв, со принуда и во кој придобивки имаа само еден мал круг на луѓе и нивните послушници.Осмислено ги запреа сите евроатлантски интеграции, нè скараа со соседите и нè изолираа од светот.
Со пропагандната машинерија наметнаа романтични национал-шовинистички идеи во кои најдоа бедно оправдување за најголемиот грабеж во македонската историја.Според податоците на светските финансиски институции за време на тие 11 години од државата се изнесени над 7 милијарди евра. Тоа е повеќе од 4 илјади евра од секој жител, или над 15 илјади евра од секое четиричлено семејство.” -истакна Николоска на трибината во Јегуновце.
Таа се осврна и на пустошот кој СДСМ го затекна со преземањето на власта:
“Кога успеавме да ги разобличиме и со судни маки конечно да ги симнеме од власт, затекнавме пустош.Сè што беше правено беше само фасада за големиот грабеж. Стиропор наплаќан како мермер, фушерајски градби и патишта под секој инфраструктурен стандард. И сето тоа наплатено десетици пати над реалната вредност.Погледнете ги денес нивните проекти и сè ќе ви стане јасно! Со украдените пари тие ја финансираат и оваа кампања во која на секој начин се обидуваат да ве убедат дека сме исти како нив. Сите нивни измислици, лаги и конструкции потекнуваат од нивното лично искуство.”
На крајот Николоска порача дека на 15 јули конечно ќе го испратиме ДПМНЕ со неговите сателити на единственото место каде што припаѓа – темната страна на македонската историја!