Изјава зе медиуми, Сузана Трпковска од ОО СДСМ Гази Баба
Почитувани граѓани,
Градежната офанзива на територијата на општина Гази Баба се одвива со забрзана динамика.
Градската и локалната власт предводени од СДСМ ги реализираат ветените проекти во интерес на граѓаните.
Имено, во тек е реконструкција на булеварот Александар Македонски на потегот од Хиподром до поранешниот саем во Автокоманда во должина од 5 километри.
Со ова, директно се дејствува кон подобри инфраструктурни услови на источниот влез на градот Скопје.
Дополнително, овој потег на кој не е сериозно работено 40 ина години, со извршената експропријација ќе добие и нови велосипедски патеки.
Граѓаните од овој дел на Гази Баба добиваат нова, квалитетна можност за движење со алтернативни средства.
Почитувани граѓани, ве замолуваме за трпение и користење на алтернативните патни правци до брзо, целосно завршување на активностите.
Одговорно и посветено продолжуваме во реализација на ветувањата за поквалитетен начин на живот.