fbpx

Манчевски на Телма: За 60 отсто ги намаливме трошоците на избраните и именуваните функционери, популистички предлози не им помагаат на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност 

 

 

Потпретседателот на СДСМ и пратеник во Собранието, Дамјан Манчевски, во вечерашното гостување на Топ Тема на Телевизија Телма порача Владата предводена
од СДСМ дека во овие 3 години покажала одговорност кон парите на граѓаните и дека трошоците на избраните и именуваните функционери се значително намалени.
Ние, во СДСМ, започнавме една сериозна реформа што ја нарековме одвојување на партијата од државата и воведовме серија ограничувања за избраните и именуваните
функционери, во однос на користење службени возила, надоместоци за комисии и слично кои во 2016 година беа огромни а сега се спуштени за 60 отсто, порача Манчевски.

Тој додаде дека популистичките предлози кои доаѓаат од дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да направат никаква суштинска разлика и граѓаните
од нив нема да видат конкретни придобивки. Популистички предлози нема да им помогнат на граѓаните, ајде да ги поддржиме реформите кои ги почнавме и со
кои намаливме над 60% од трошоците за функционерите, порача потпретседателот Манчевски во вечерашното гостување во Топ Тема на Телевизија Телма.

Последни вести