Соопштение за јавност-реакција на прес-конференција на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ
Единствената партија која гласно застанува во одбрана на криминалот и против правдата е ВМРО-ДПМНЕ.
Поразениот Мицкоски кој три пати доби казна од народот, загрижен за својата партиска фотелја, секојдневно продолжува со пласирање на лажни вести, очигледно надградени и со монтажи.
Ваквото штетно политиканство, полно со лаги, граѓаните го препознаа и го казнија Христијан Мицкоски на парламентарните избори.
Заглавени во нивната криминална матрица ВМРО-ДПМНЕ продолжува со своето деструктовно, неоговорно однесување.
Но има време, уште 4 години во опозиција, веројатно ќе бидат доволни ВМРО-ДПМНЕ да разбере и да ја научи лекцијата која со последниот пораз повторно им ја одржаа граѓаните.