fbpx

Избори заради здравјето на граѓаните, економијата, функционални институции и новата нормалност

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ

 

 

 

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

 

Секој потег, секоја одлука и секоја политика на СДСМ е и ќе биде исклучиво во функција на граѓаните, во интерес на државата.

За нас најважни се граѓанитe.

Секое одлагање на изборите подалеку од крајот на јуни е туркање на земјата во голема политичка, економска и здравствена криза.

За СДСМ овој период има три клучни приоритети:

1. Заштита на здравјето

2. Нова, брза трансформација на економијата

3. Функционални институции кои се гарант за силна демократија

Сите досегашни параметри укажуваат дека епидемијата е ставена под контрола. Македонското јавно здравство одлично се справи со досегашниот тек на епидемијата.

Го заштитивме здравјето на граѓаните и ја вративме довербата во институциите.

Веќе го живееме новото нормално.

Време е таа нова нормалност на здравствен, економски, но и демократски план да ја обезбедиме. За нова и брза трансформација на економијата и целосно функционални институции кои се гарант за силна демократија потребни се избори во првиот можен термин.

Предвремените парламентарни избори кои веќе се распишани и еднаш одложени, треба да се одржат во првиот можен термин, а предизборната кампања да биде усогласена со заштитните протоколи и епидемиолошките стандарди, особено денот на изборите.

Протоколите со заштитни мерки за средби, состаноци, курсеви се веќе објавени од Комсијата и усвоени од Владата.

Комисијата ќе објави протоколи за спроведување кампања и за одржување на избори, сите ќе се построиме по нив и ќе спроведеме најпрофесионални избори со сите заштитни механизми. Гласачкото место ќе биде најстрого обезбедено со сите заштитни мерки.

Ние сакаме избори кога вирусот е најмногу под контрола, со највисоки мерки на заштита и без ризик по здравјето, со цел да воспоставиме нормална работа на парламентот и владата и да можеме да се втурнеме си сите сили во рестарт на економијата.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ бегаат од избори и се плашат од соочување со граѓаните.

Сакаат незивесност, нефункционални институции, криза и закани по граѓаните

Тоа нема да го дозволиме.

Нема да дозволиме нивното неодговорно однесување да ја втурне земјата во лош правец. Исто како што не дозволивме тоа да се случи и за време на здравствената криза.

Мицкоски лажеше дека нема доволно тестови, изјавуваше дека СДСМ ја посакувала здравствената криза, поднесуваше кривични пријави против Венко Филипче, ширеше невистини додека целата јавност ги гледаше неговите слики од теретана и прошетки на Водно.

Дури и прогласувањето втора вонредна состојба Мицкоски ја оцени како противуставна.

Мицкоски знае дека нема да стане ниту мандатар, ниту премиер, знае дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги изгуби изборите кога и да се одржат.

Избори мора да има заради здравјето на граѓаните, заради новата економија за која се подготвуваме, заради институциите кои им служат на граѓаните и заради новата нормалност која мораме веќе да ја гледаме како можност.

Следна недела нема бегање, одредуваме датум за избори.

Ќе ја чуеме Комисијата и сите ќе се построиме според нивните правила, протоколи и препораки.

Нема да дозволиме еден неспремен и некадарен политичар како Мицкоски да ја попречува новата нормалност, да одолговлекува целосна функционалност на институциите во земјава и да спречува создавање услови за трансформација на економијата.

 

Последни вести