fbpx

Пратениците да гласаат за ребалансот на Буџетот и реализација на четвртиот пакет економски мерки вредни 470 милиони евра

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Пратениците од сите политички партии во Собрание да покажат одговорност и конструктивност и да ги донесат измените и дополнувањата на буџетот за 2020 година, со кои се обезбедуваат 470 милиони евра за реализација на четвртиот пакет мерки креиран од Владата предовдена од СДСМ, за справување со економските последици од коронакризата.

Средствата од овој пакет мерки ќе бидат наменети за поддршка на 83.000 работни места, односно со 70 милиони евра, ќе се субвенционираат вкупно 250.000 плати за октомври, ноември и декември.

Овој пат, поддршката за исплата на плати ќе биде скалеста и ќе се движи од 14.500 до максимални 21.776 денари месечно, согласно падот на прометот на компаниите кои аплицираат за финансиска помош.

Со 27,6 милиони евра ќе се помогнат 283.000 граѓани кои ќе добијат домашни платежни картички во вредност од по 6.000 денари. Домашни платежни картички ќе добијат пензионери со пензии до 15.000 денари, самохрани родители, невработени лица, како и лица над 64 години кои немаат социјална пензија ниту други приходи.

Четвриот пакет содржи уште дваесеттина мерки преку кои обезбедуваме силна поддршка за компаниите преку поволни кредити, грантови, но и даночни олеснувања за брзо опоравување на секторите кои се најмногу погодени.

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, покажува вистинска грижа за граѓаните и за компаниите кои се погодени со кризата предизвикана од пандемијата со коронавирусот.

Обезбедувањето навремена и ефикасна помош за граѓаните, за македонската економија продолжува со предложениот ребаланс на буџетот за 2020 година.

Последни вести