fbpx

Веднаш по нормализација на состојбата со коронавирусот треба да се оди на избори, тоа е одговорно од здравствен и економски аспект

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на новинарско прашање, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ

 

 

П: Како од ситуација седете дома веднаш се дојде до ситуација ајде на избори, дали сметате дека брзи избори би биле погодни за македонското општество и економија кои се погодени од корна кризата? Го сменивте ли ставот околу лидерската средба кај Пендаровски? Кои датуми за избори ги сметате за поволни? Неопходно ли е свикување на Собранието?
 
Секако дека во однос на ставовите на СДСМ морам да кажам дека се во континуитет конзистентни и непороменливи. Од самиот почеток на корона кризата нашите ставови се да максимално да се почитуваат препораките коишто доаѓаат од кризниот штаб, епидемиолозите, стручните лица кои се соочуваат и се борат против Ковид 19. 


Имајќи ги предвид последните мислења и заклучоци на експертите, епидемиолозите и лица кои навистина ја разбираат оваа проблематика дека се наоѓаме во една друга фаза којашто каде Ковид 19 вирусот полека го губи интензитетот. Нашиот став е дека веднаш по нормализацијата со коронавирусот треба да се оди на избори. Зошто? Зарад тоа што е тоа важно и за економијата, секако имајќи ги предвид и мислењата што кружат низ Евопа и светот дека можеби не очекува и некој нов бран на Ковид 19 вирусот, одговорно е да имаме демократски избори и функционален Парламент.
Последни вести