fbpx

Мицкоски се плаши од нов пораз, од нова казна, затоа бега од граѓаните и од изборите во Штип

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Губитникот Христијан Мицкоски се плаши од нов пораз, од нова казна од граѓаните за сите негови деструкции и погрешни политики.

Затоа повторно бега од граѓаните, бега од изборно соочување во Штип.

Воопшто не му грижа на Мицкоски за здравјето на граѓаните, лично тој и неговата партија се најголемата опасност, најголемата закана за јавното здравје.

Од почеток на пандемијата со коронавирусот Мицкоски се труди да ја поткопа борбата против вирусот, не ги почитува мерките, оди по кафани и теретани, шири лажни вести, организира настани каде масовно се кршат протоколите.

Згора на се, неговиот Вело Марковски јавно велеше дека вирусот не е опасен, дека не треба да се носи маска и дека што повеќе луѓе треба да се заразат.

Само губитник како Мицкоски бара вонредни парламентарни избори а бега од предвремен локални избори во Штип, истовремено. Тоа е истиот Мицкоски кој бараше парламенатрните избори да се одржат наесен.

Толку е Мицкоски уплашен од граѓаните, толку е очаен и осамен.

Мицкоски се обидуваше да избега и од парламентарните избори, и тогаш лажеше дека наводно ќе биле небезбедни по јавното здравје. Напротив, СДСМ, институциите на изборите покажаа дека може да се спроведе изборен процес и кампања целосно безбедни по здравјето на граѓаните.

Такви ќе бидат и изборите за градоначалник во Штип и Пласница, целосно безбедни за здравјето на граѓаните.

Последни вести