Соопштение за јавност
Мицкоски со својата мрачна некрофилска политика е најголема закана за здравјето на граѓаните
Колку ВМРО-ДПМНЕ ја сфаќа сериозно ситуацијата со корона вирусот во земјава покажува некрофилската политика на Христијан Мицкоски, кој подмолно се обидува да профитира радувајќи се на смртта!
Мрачниот некрофил Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги кршат мерките за заштита, безобзирно ги опструираат сите напори за справување со пандемијата, и лицемерно се грижат за здравјето на граѓаните, единствено кога тоа се поклопува со нивните дневно-политички агенди.
Мицкоски не мислеше на заболените од коронавирусот и на нивните семејства, кога одеше во ресторан или во теретана и ги кршеше мерките.
ВМРО-ДПМНЕ не мислеше на здравствените работници, кои се првите линиии во борбата против вирусот, кога организираше настани на кои не се носат маски и не се држи дистанца.
Мицкоски не мислеше на последиците кога неговиот Вело Марковски ширеше теории на заговор поврзани со корона вирусот, дека вирусот не е опасен, дека не треба да се носат маски.
Ниту кога неговиот Наќе Чулев ги храбреше граѓаните да ги кршат мерките за заштита, велејќи дека полицијата нема да ги казнува ни кога неговата Гордана Кочовска Димитриеска го блокираше заемот за опремување на болниците.
Мицкоски со својата морбидна некрофилска политика е најголема закана за здравјето на граѓаните .
Само Мицкоски и ДПМНЕ некрофилска се радуваат на жртви, на смрт, на починати сограѓани, Македонци, Албанци, Срби, Роми, Власи, Турци….
Со вакво дегутантно однесување Мицкоски го достигна своето политичко дно.