Соопштение за јавност – реакција на изјава на Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ некрофилна пак прави настани каде ја злоупотребува смртта на стотици граѓани и се рекламира со тагата на нивните семејства.
Починатите и заболените од Ковид 19 не се статистика не се само обична бројка за ДПМНЕ-Некрофилна да прави настани и перформанси, да ги злоупотребува во очајната трка за политички поени.
За каква мобилизација зборува ВМРО-ДПМНЕ кога токму некрофилот Христијан Мицкоски партиски ги делеше здравствените работници, за каков пристап зборува ДПМНЕ-Некрофилна кога токму нивен кадар во преодната Влада кочеше помош од Светска Банка за опремување на болниците?
ВМРО-ДПМНЕ секојдневно го допира дното на најсложената тема, оваа партија мора да престане со обидите да профитира од несреќата на граѓаните. Тоа не е прашање на политички чин туку на нужност.