Соопштение за јавност
Од почетокот на пандемијата па до денес, граѓаните од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски видоа само лажни вести, деструкција, лицемерие и подривање на здравствениот систем.
Ако Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се грижеа за здравјето на граѓаните немаше први да ги кршат мерките и да организираат масовни собири каде не се почитуваа протоколите за заштита од коронавирусот.
Ако толку беа загрижени за здравствените работници, немаше да го кочат заемот од Светска Банка со кој ќе се опремеа 16 ковид центри низ целата државата.
Ако толку се грижеа за јавното здравје, немаше заболените и починати од коронавирусот да ги сведуваат на бројка и статистика и од нив да прават настани на кои им се потсмеваат на жртвите.
Но тоа е ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски, секогаш на спротивната страна на граѓаните, секогаш на спротивната страна на јавното здравје.
Наместо поддршка, ВМРО-ДПМНЕ застана на погрешната страна, на страната на коронавирусот.