Врз основа на член 68 и член 68s од Статутот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија,Правилникот за постапката, начинот и критериумите за кандидирање и избор на членови на органите и носителите на функциии во општинските организации Социјалдемократскиот сојуз на Македонија донесен на осмата седница на Централниот одбор на СДСМ се објавува:
О Т В О Р Е Н П О В И К
за самокандидирање на Претседатели на Општинските организации на Социјалдемократскиотсојуз на Македонија во: Демир Хисар, Ѓорче Петров, Зелениково, Кичево, Јегуновце, Росоман, Новаци, Сопиште, Студеничани, Гостивар, Липково, Желино и Боговиње
Социјалдемокатскиот сојуз на Македонијаработи за исполнување на програмите и ветеното пред граѓаните. За доследно почитување и вреднување на сработеното партијата воведе и соодветен мерит систем. За зголемена ефикасност и мобилност СДСМ започнува со постапка за избор на претседатели во општинските организации во:Демир Хисар, Ѓорче Петров, Зелениково, Кичево, Јегуновце, Росоман, Новаци, Сопиште, Студеничани, Гостивар, Липково, Желино и Боговиње.
За таа цел ги повикуваме сите заинтересираничесни и угледни индивидуи членови наСоцијалдемокатскиот сојуз на Македонија кои ги споделуваат социјалдемократските вредности и ги делат социјалдемократските идеали, да се самокандидираат како кандидати за претседател на општинска организација на Социјалдемокатскиотсојуз на Македонија во наведените општини.
Со доставената кандидатура за претседател на општинска организација на СДСМ, кандидатот/кандидатите во хартиена форма задолжително доставуваат:
– Биографија/CV;
– Мотивационо писмо/писмо за намера;
– Детална програма за работа со предлог идеи и проекти за општинската организација;
– Потпишана Изјава за постапување и почитување на Етичкиот кодекс на СДСМ;
Заинтересираните кандидати своитекандидатури (со целосна прилог документација во хартија, во затворен плик со назнака кандидатура за претседател на општинската организација __________ (назив на ОО) е потребно е да гидостават најдоцна до 30.11.2020 година, доПретседателот на Социјалдемокатскиот сојуз на Македонија, во седиштето на СДСМ на ул. Бихаќкаброј 8 Скопје.
Утврдени критериуми од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија за поднесување на кандидатури за претседател на општинската организација лицата потребно е да ги исполнуваат следните услови: