fbpx

Буџетот за 2021 обезбедува инвестиции во јавното здравство и засилена реализација на капиталните инвестиции

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Даниела Маркоска, пратеничка од СДСМ

 

Почитувани,

Владата предводена од СДСМ подготви Предлог Буџет за 2021 година кој е во насока на ефикасно справување со здравствените и економски последици од коронавирусот.

Реализација на Буџетот е насочена кон заштита на здравјето на граѓаните, стопанството и работните места, кон забрзување на процесот на ревитализирање на економијата и зајакнување на конкурентноста и забрзување на економскиот раст.

Инвестиции во јавното здравство, спас на работните места и реализација на капиталните инвестиции се клучните сегменти во Предлог Буџетот за 2021 година.

Поддршката за стопанството и работните места продолжува и во 2021 година. Преку неколку програми од Буџетот за 2021 година обезбедуваме поддршка во вкупна вредност од 7,1 милијарда денари или 115,5 милиони евра.

Од овие средства 1,9 милијарди денари ќе се наменат за поддршка за формирање на нови компании, преку самовработување и вработување на други невработени лица, но и обуки за невработените.

За ставката здравство, во Буџетот за 2021 се проектирани 40,8 милијарди денари, со што на дело ја потврдуваме заложбата за сериозни инвестиции во јавното здравство кое со месеци се бори против коронавирусот.

Буџетот за 2021 година е структуиран да одговори и на здравствените и на економските предизвици од коронакризата, но истовремено нуди можности за рестарт на македонската економија.

Веќе утре тој ќе се најде пред пратениците во Собранието. Повикуваме, низ отворена, инклузивна и конструктивна дебата, прво во матичната комисија а потоа и на пленарна седница, Буџетот за 2021 да биде донесен од страна на сите пратеници.

Како одговорна партија, продолжуваме да вложуваме во човечкиот капитал, во капиталните инвестиции, во јавното здравје, во се она што е важно за нашите граѓани.

Последни вести