fbpx

Со 35 милиони евра реализираме 99 важни проекти во 75 општини низ целата држава

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев посветено работат на реализација на мерки и политики во интерес на граѓаните.

Со пренамена на 35 милиони евра од ТАВ, ќе се финансираат 99 важни проекти во 75 општини.

Проекти за изградба и реконструкција на локална патна инфраструктура, водоснабдителна мрежа, канализациони мрежи, за реконструкција изградба на градинки и училишта и спортски објекти, реконструкција и изградба на здравствени установи се дел од проектите кои ќе се финансираат со овие средства.

Со оваа сериозна инвестиција, го унапредуваме квалитетот на живот во општините и го поттикнуваме локалниот економски раст.

Инвестиции во проекти важни за граѓаните, инвестиции во рамномерен регионален развој, се приоритетите од кои се води Владата предводена од СДСМ.

Како одговорна партија продолжуваме посветено да работиме за нашите граѓани, за нашата држава.

 

Последни вести