fbpx

СДСМ постојано ја подобрува инфраструктурата во Град Скопје, 40 километри нови улици и реконструирани 15 сообраќајници

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Горан Герасимовски, претседател на ОО СДСМ Центар

Скопје изминатиот период доби 40 километри нови улици.

Реконстуирани се 15 сообраќајници низ градот и дополнителни 3 се веќе во изградба.

Ова значи подобро поврзани населби, полесно и побезбедно движење за сите учесници во сообраќајот.

Паралелно со обновување на улиците, се воспоставува и велоспипедска инфраструктура во градот и се подигнуваат нови зелени површини.

На 5 сообраќајници се изведени нови велосипедски патеки, а дополнителни 5 добија нови тротоари со дрвореди и жардињери.

Чекор по чекор Скопје прераснува во една поинаква приказна, благодарение на инвестициите на оваа власт.

Град со квалитетни патишта, еколошки јавен превоз, со нови и одржувани зелени површини – град кој со гордост го оставаме на идните генерации.

https://youtu.be/l89HVuySY_I

Последни вести