fbpx

Мицкоски и по шест изборни порази, останува осамен во своите лаги и манипулации

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ на чело со губитникот Мицкоски, ни по шест изборни порази во изминатите четири години не извлече поука и упорно продолжува, со лаги и манипулации, со деструктивните политики кои се на штета и на граѓаните и на државата.

Поразите се нижеа од 2017 година од локалните избори кога Мицкоски беше носител на листа на Град Скопје, преку локалните избори во Охрид и Ново Село, референдумот, претседателските избори, предвремените парламентарни избори до последниот пораз на блокадите и опструкциите на ВМРО-ДПМНЕ во Штип.

Ниту заслужените изборни казни на Мицкоски, ниту разобличените лаги, манипулации демантирани и од странски амбасади, не се доволни за ВМРО-ДПМНЕ да ја научи лекцијата да биде партија на страната на народот.

Напротив, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи против граѓаните, ги поткопува државните позиции, се обидува да наштети на секој напредок на државата, да го опструира здравствениот систем, работата на парламентот и упорно шири лаги и измислици.

Лажеа дека се распродава македонскиот идентитет, лажеа дека земјата се распарчува, дека 100.000 луѓе останале без работа.

Шират невистини за пандемијата со коронавирусот од тоа дека нема доволно тестови и заштитна опрема, па до тоа дека не треба да се носат маски.

ВМРО-ДПМНЕ ги плашеше граѓаните дека во државата ќе се населат два милиони Африканци, лажат дека предметот историја се укинува во училиштата.

ВМРО-ДПМНЕ и губитникот Мицкоски никако да го слушне гласот на народот.

Граѓаните шест пати ги поразија нивните лаги и избраа стабилна иднина и одговорни политичари кои носат храбри одлуки и обезбедуваат подобар живот за граѓаните.

Затоа Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ изолирани во сопствените лаги и деструкции, уште долго ќе останат во опозиција.

Последни вести