fbpx

Програмската и персоналната понуда на СДСМ за изборите гарантира победа, можеме уште повеќе и уште подобро

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Љупчо Николовски, Генерален секретар на СДСМ

 

 

 

Почитувани новинари, почитувани граѓани,

Можеме! Уште подобро, уште повеќе.

По синоќешниот победнички 24.Конгрес на СДСМ излегуваме пред граѓаните со сериозна, нова програма за подобра иднина, повисоки плати, уште поголем и посилен развој и посилен напредок на државата.

Предвидуваме пет столба кои носат позитивна трансформација за нашето заедничко едно општество.

Со мерките и политиките во Програмата градиме економски силна и стабилна земја. Праведна, правична и правна држава, членка на НАТО, земја која успешно преговара со Европската Унија.

Зелена, еколошка, дигитализирана, иновативна држава која има што да им понуди на своите млади. Развиваме држава за достоен живот. Држава со пристојна живеачка за сите.

Градиме систем во кој трудот на работниците се вреднува и плаќа. Работници со поголеми плати. Плата од која останува за живот. Сакаме држава во која младите остануваат и напредуваат тука. Ако можевме за две и пол години да ја извадиме земјата од финансиски колапс и да обезбедиме највисок раст на платите до сега, сигурни сме дека во следниот мандат можеме уште повеќе и уште подобро.

Економијата останува наш врвен приоритет во следниот мандат.

100.000 нови работни места и голем раст на сите плати! Тоа е нашиот прв и носечки столб на Програмата.

Ако за само две и пол години успеавме да отвориме над 67.000 конкретни, видливи нови работни места, можеме во следниот мандат да отвориме 100.000 работни места.

Тоа ќе придонесе стапката на невработеност да падне уште повеќе. Односно ако денеска тој процент е 16,6 проценти. Наша заложба, точно мерлива е до 2024 да се намали двојно повеќе, односно до крајот на следниот мандат ќе имаме стапка на невработеност од 8 отсто.

Платите продолжуваат да растат. Сите плати. За да има повисок животен стандард и повеќе пари во секое семејство, кај сите граѓани.

300 евра минимална и 600 евра просечна плата до 2024 година. Тоа е нашата понуда до граѓаните на овие избори.

Сосема реална грижа за сите – тоа е нашиот втор столб на програмата.

До крајот на новиот мандат, социјалната помош ќе ја примаат 34.000 домаќинства како гарантирана минимална помош, а 65.000 деца ќе примаат детски додаток.

До 2024 година, со предучилишно образование ќе опфатиме 60% од децата на возраст од 3 до 6 години.

10.000 деца ќе добијат современи услови за квалитетен раст и развој.

Грижата за сите продолжува, но продолжуваат и реформите кои обезбедуваат фер, правично и праведно општество.

До 2024 ќе обезбедиме бесплатна „зелена“ нафта за сите земјоделци. Односно „зелената“ нафта како една од најуспешните мерки во земјоделството, којашто сега е 30%, до крајот на следниот мандат ќе биде целосно бесплатна.

Двојно повеќе пари за поврат на персоналниот данок за земјоделците!

Ќе изградиме 260 км автопати. 300 км експресни патишта. 950 км локални патишта. Рехабилитации на 1.500 км постоечки патни правци.

Време е за ред, дисциплина и правда!

Затоа, следува темелно и целосно прочистување на правосудството!

Судиите кои застаруваат предмети ќе бидат разрешени по автоматизам на Закон.

Започнува детална проверка на имотната состојба на сите судии и обвинители.

Ќе се врши темелна ревизија на 5% од сите судски пресуди во последните 5 години, по случаен избор.

Ако за две и пол години донесовме правичност, ќе донесеме сега правда и одговорност за сите.

Ако за две и пол години успеавме да влеземе во НАТО, можеме тоа да го направиме и во ЕУ.

Започнуваме преговори со ЕУ, ја европеизираме Северна Македонија и го трансформираме општеството уште подобро.

До крајот на мандатот, до 2024 ќе ги отвориме 80% од поглавјата за интеграција во ЕУ. Точно и прецизно.

Преку преговорите отвораме пристап до европските фондови и обезбедуваме 2 милијарди евра за Северна Македонија. Тоа носат нашите политики на интеграција.

Живот по европски стандарди значи и живот во здрава и чиста животна средина и чист воздух.

Затоа, се ставаме во функција на обезбедување чист воздух и здрава животна средина.

Следува строга контрола и високи казни за загадувачите! Тоа е врвен приоритет во новиот мандат.

Комунална полиција во секоја општина и 24-часовен надзор врз инспекциските служби.

Тројно повеќе еко инспектори. Тројно повисоки казни за фабриките кои немаат еко филтри. Двојно повисоки казни за граѓаните кои загадуваат на законски недозволив начин.

Ова се почитувани петте столба на Програмата кои заедно со персоналните решенија на кандидатските листи ќе донесат нова чиста победа и продолжување на напредокот уште повеќе и уште подобро.

СДСМ и Коалицијата започнаа нов концепт, нова пракса на тандем носители составени од жена и маж во сите изборни единици, за уште поголема родова еднаквост.

Сите носители, сите 120 кандидати за пратеници се угледни, признати личности кои се подготвени да работат напорно и посветено за граѓаните. И токму тие личности ќе ја донесат големата и чиста победа на 12 април. Тоа е денес сосема извесно.

Ова е најголемата, најразноликата и победничка коалиција со родово најизбалансираната понуда на сите избори од независноста па до денес.

Со ваква понуда на Програма и персонални решенија, никој веќе нема дилеми, ние сме победници на 12 април.

Победници сме затоа што се обединивме околу вредностите и визиите што значат развој, напредок, подобар живот за нашиот народ, за нашите деца.

Сите политички субјекти од оваа најголема предизборна коалиција на било кои предвремени или редовни парламентарни избори препознава важност државата да продолжи по вистинскиот пат. Концептот едно општество да се зацврсти уште повеќе, економскиот напредок да биде уште посилен, затоа што само така ќе биде уште подобро за сите.

Знаеме дека можеме! Уште подобро и уште повеќе! Затоа на 12 април носиме уште една голема победа за нашата држава и за секој граѓанин.

Последни вести