fbpx

Лажна е загриженоста на Мицкоски, со комбинираниот модел е обезбедена непречена настава за сите деца

Facebook
Twitter
LinkedIn

Христијан Мицкоски има најмалку право да зборува за образованието затоа што неговата партија за 11 години режимско владеење образованието го донесе на дното во Европа, наставниот кадар беше понижуван, а врз учениците се вршеа експерименти преку погубни политики и таканаречени реформи.

Лажна и лицемерна е загриженоста на Мицкоски. Денес, со комбинираниот модел е обезбедена непречена настава за сите деца. Над 90% од учениците успешно следат онлајн настава, со почитување на мерки непречено се одвива наставата со физичко присуство.

За учениците кои немаат уреди, кои се околу 8000, се емитуваат часови на македонски и на албански јазик преку телевизија. Со ова владата предводена од СДСМ обезбеди континуитет на наставата во време на пандемија и образование достапно за секое дете.

Последни вести