Соопштение за јавност – реакција на изнесени ставови на Гордана Димитриеска –Кочовкса од ВМРО-ДПМНЕ
За разлика од криминалното и коруптивно владеење на ВМРО-ДПМНЕ, времето на провизии и договорени тендери, денес Владата предводена од СДСМ гради по план, работи одговорно и отчетно.
Граѓаните не забораваат дека зад капиталните инвестиции на ВМРО ДПМНЕ, всушност се криеше корупција, мито и криминал, пари кои завршуваат директно во џебовите на поединци на тогашната власт.
И токму затоа денес има обвиненија, кривични постапки и судски пресуди, ттокму против функционери на ВМРО ДПМНЕ и претставници на нивните блиски компании, преку кои парите завршуваа кај нив.
Гордана Димитриеска Кочоска, пред да обвинува за автопатот Кичево – Охрид, нека одговори како и зошто власта на ВМРО ДПМНЕ во 2014 и 2015 година, ангажирала фирми кои воопшто немале никакво искуство во проектирање и градење на патишта. Каде завршиле платите на работниците кои работеле на изградба на автопатот, за што и штрајкуваа.
Димитриеска Кочоска и ВМРО ДПМНЕ, точно знаат дека денес се гради по пропис.
Само во источниот кумановско-кривопаланечки регион, 180 милиони евра буџетски пари се инвестираат во патишта и во железница, а со 70 милиони евра се финансирани локални патишта во општините, откако беа оставени со 300 милиони евра долгови направени од владата на ВМРО ДПМНЕ, коишто се раздолжени.
Годинава, започнува проектирање и изведба на автопатот Прилеп – Битола, започнува изведба на Битола -Меџитлија, а завршува проектната документација Тетово – Гостивар – Букојчани, по што следува изведба.
Оваа година треба да завршат и проектните документации Требениште – Струга – албанска граница, согласно препораките на УНЕСКО, кои ВМРО ДПМНЕ свесно со години ги игнорираше, не водеше грижа ниту за УНЕСКО, ниту за граѓаните.
Се продолжува патот Велес – Кавадарци – Прилеп, односно распишан е тендерот за нови изведувачи, откако за сите претходни постапки се водат и кривични постапки.
Патот Свети Николе – Куманово, од 1960 година, откако бил изграден – за прв пат е комплетно реконструиран.
ВМРО ДПМНЕ продолжува свесно да лаже, да манипулира и се обидува да се иззема од штетите кои ги направија од позиција на власт. Нивните ниски обиди се препознаени и затоа уште долго остануваат опозиција.