fbpx

ВМРО-ДПМНЕ е симбол за корупција и криминал, поднесуваат неосновани интерпелации затоа што се плашат од правдата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Снежана Калеска Ванчева, пратеничка и координаторка на Форум на жени на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

ВМРО-ДПМНЕ е симбол за криминал и корупција.

Лицемерно и лажно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за корупција кога токму оваа партија е синоним на коруптивно дејствување, провизии од тендери и незаконско финансирање на партијата. Уште поголемо лицемерие е пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да зборуваат за партиска држава, кога токму за време на нивното владеење бевме категоризирани како заробена држава.

Тоа е партија чие целото претходно партиско раководство и речиси половина од актуелната пратеничка група секојдневно се пред судовите каде се сомничат за сторени кривични дела.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да тоне во сопствената безидејност во сопствениот очај.

Се што прави оваа партија овде во Собранието е само деструктивност, блокади и кочење на функционирањето на парламентарниот состав.

Кога не шири лажни вести, ВМРО-ДПМНЕ поднесува неосновани барања за интерпелации на министри.

ВМРО-ДПМНЕ овде во Собранието па и надвор од него правеше се за да не се донесе Законот за јавно обвинителство, правеше се за да нема реформи во правосудството и тоа да остане партизирано и зависно, какво што го оставија.

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се плашат од правдата прочистување на судството, се плашат од крај на нивните Сваровски инсталации и бескомпромисна борба против корупцијата.

Затоа поднесуваат вакви неосновани интерпелации, но тоа нема да не поколеба нас како парламентарно мнозинство да продолжиме да се бориме против криминалот и корупцијата. Секој кој згрешил пред законот ќе одговара за стореното. И всушност пратеници кој сега излегуваат на прес и бараат односно поднесуваат интерпелација, истата ја паднаа уште пред официјално да ја поднесат, но затоа ќе говориме откако ќе ја поднесат интерпелацијата.

Последни вести